Обилните дождови последното деноноќие ја заматија водата во крушевскиот водовод.

Од јавното-комунално претпријатие „Комуна" предупредуваат и апелираат да не се пие, а доколку се користи за пиење, да се преврива.

Инаку, Крушево нема проблеми со водоснабдувањето, но, со сегашното заматување на водата, задолжително е граѓаните да ги почитуваат препораките од надлежните.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2021 15:05