Кавадарци има загадување со повисоки вредности на пм 2.5 честички во време на грејна сезона, зимските периоди, особено попладневните часови во таа сезона. Во другиот период од годината, општината е под нивото на минимално загадување, истакна денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тој појасни дека таквиот заклучок е донесен по извршените анализи за присуство на елементарниот јаглерод кој е еден од најважните компоненти на пм 2.5 честички, а во атмосферата доаѓа како резултат на некомплетно согорување на течни и цврсти фосилни горива и биомаса. Се извршило тригодишно следење и анализа на квалитетот на амбиенталниот воздух.

– Кавадарци има четири мерни станици. Три се донација од универзитетот „Гоце Делчев” и една е од Министерството за животна средина и просторно планирање. Кавадарци како одговорна општина во делот на екологијата и квалитетот на амбиенталниот воздух, повеќе од три години работи на истражување за квалитетот на воздухот, додаде Јанчев.

Презентација на оваа тема пред медиуми, имаше Доне Илов, општински инспектор за животна средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2021 16:03