Германскиот прволигаш Херта му врачи денеска отказ на тренерот Пал Дардаи поради серијата лоши резултати и само двете победи на последните осум натпревари во Бундеслигата.

На местото на Дардаи, кој претходно во два наврати беше тренер на Херта за која во минатото настапуваше и како играч, е назначен Тајфун Коркут. Поранешниот тренер на Хановер, Штутгарт и Баер Леверкузен, потпиша договор со раководството на Херта до крајот на сезоната.

-Со ангажманот на Коркут сакавме на екипата да и дадеме нов импулс. Тој во минатото покажа дека умее да стабилизира клуб и да го поттурне напред, изјави спортскиот директор на Херта, Фреди Бобич.

Херта по 13. Кола во Бундеслигата се наоѓа на 14 место, пет бодови над зоната за испаѓање.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2021 01:49