По рекорден седми пат, Лионел Меси и оваа година ја освои „Златната топка“. Во Париз вечерва по 65-ти пат се додели најважната индивидуална фудбалска награда - „Златна топка“, која припадна на Лионел Меси, од ПСЖ.

Оваа престижна награда Меси ја освои во конкуренција на Роберт Левандовски од Баерн Минхен и Карим Бензема од Реал Мадрид. Зад Меси, со пет освоени „Златни топки“, останува Кристијано Роналдо.

Рој од негативни коментари се појавија во фудбалскиот свет, бидејќи добитник на златната топка не беше Роберт Левандовски кој изминатата сезона одигра фантастично во дресот на Баерн Минхен.

Минатата година изборот за престижната награда што ја доделува „Франс фудбал“ не се одржа поради пандемијата со Ковид-19. Последното доделување на оваа награда, пред 2021 година, беше во 2019 година, кога, исто така, ја освои Меси.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2021 02:19