Веројатноста за колапс на САД денеска е многу поголема отколку на почетокот на милениумот, пишува коментаторот на Блумберг, Макс Хестингс

Тој овој заклучок го црпи од анкетата на Универзитетот во Вирџинија, според која 52 отсто од поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја поддржуваат идејата „републиканските“ држави да формираат посебна држава. Истовремено, 41 отсто од испитаниците кои гласале за актуелниот лидер Џо Бајден, имаат сличен став во однос на „демократските“ држави.

Како што истакна Хестингс, САД постојано растеа од своето основање, но секогаш беа поделени поради политички и други причини.

Тој изрази мислење дека не треба да се очекува веднаш САД да се распаднат, иако веројатноста за тоа сега е значително поголема од пред 20 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 01:28