Со погодокот вреден бод на гостувањето на Нант кај ГОГ Гудме, капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, вечерва беше херојот на мечот.

Нант на гостувањето кај ГОГ Гудме губеше со 29:28 во последната минута, но Лазаров, со голот на десет секунди до крајот на натпреварот му донесе реми на својот тим со што го постави конечниот резултат од 29-29 и натпреварот заврши без победник.

На натпреварот Лазаров постигна пет постигнати голови кои ги даде во второто полувреме.

Со ова реми, ГОГ и Нант го делат второто место, односно имаат еден бод помалку од Лемго во групата Б во Лигата на Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 01:52