Во Португалија денеска ќе биде отворен најголемиот центар за вакцинација поради бранот нови случаи на инфекција со коронавирусот.

Португалија каде се вакцинирани 87 отсто од населението регистрира нагло зголемување на дневниот број на заразени со вирусот во изминатиот месец. Новиот центар за вакцинација ќе има капацитет да вакцинира шест илјади луѓе дневно, а по потреба и девет илјади.

„Овој центар за вакцинација ќе биде единствен во земјата”, изјави висок градски функционер во Лисабон.

Португалските здравствени власти даваат засилени дози вакцини против Ковид на луѓето над 65 години и на ранливите групи. За борба против најновиот бран на Ковид-19, португалската влада повторно го воведе задолжителното носење маски на јавни места во затворени простории и препорача вработените да работат од далечина секогаш кога е можно.

Дополнително, сите патници кои се враќаат со авион во Португалија треба да имаат негативен тест за ковид без разлика дали се вакцинирани или не.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 10:48