Норвешките власти воведуваат нови мерки и препораки за борба против коронавирусот, јави ДПА. На граѓаните им се препорачува да носат маски при користење здравствени и социјални услуги, во јавниот превоз и при пазарење, доколку не е можно да се задржи поголема дистанца.
Од денеска луѓето кои живеат со лице заразено со вирусот ќе мора да се изолираат додека не добијат негативен резултат од тест за Ковид-19.
-Тоа ќе биде задолжително за сите полнолетни граѓани, без разлика на статусот на вакцинација, а ќе се препорачува и за децата,изјави премиерот Јонас Гар Сторе.
Заразените со вирусот мора да бидат во карантин најмалку пет денови.
Според премиерот, пандемијата не е завршена, туку е влезена во нова фаза и „луѓето треба да се навикнат да живеат со вирусот и да го држат под контрола”.