Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено по наместа влажни коловози, со мали остатоци од кашест снег на планинските превои, информираат од ЈП „Македонијапат“.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 15:09