Подрачното одделение на Државниот архив Куманово, денеска ги повика граѓаните од општините од североисточниот регион да подарат архивски материјал.

Жителите на Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка можат да се обратат во просториите на подрачното одделение или да се јават на телефон и електронска адреса и да достават архивски материјал.

Од подарените архивски материјали, фотографии, преписки, ракописи, лична документација ќе се формираат архивски фондови кои во иднина ќе бидат достапни на истражувачите и од нив ќе произлезат вредни изданија од дејствување на значајни личности, семејства, организации од општеството.

– Сите заинтересирани можат подетално да се обратат на телефонскиот број 031/420-464 или во просториите на одделението на адреса булевар „Трета Муб“ број 20 во Куманово, повикаа од подрачното одделение на Државниот Архив.

Од подарените архивски материјали ќе се формираат архивски фондови од кои ќе произлезат вредни изданија од областа на историјата, политичката историја, историја од секојдневието на граѓаните од овој реон, од културата и други сфери од општеството.

Кумановското одделение ги покрива шесте општини од североистокот и располага со завиден архивски фонд. ам/цр



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 16:43