Сакам да информирам дека имавме одлична конститутивна средба со претставниците на Стопанската комора до Битола, регионалната единица.

Она што го кажав и во предизборието, настојуваме да го спроведеме и на дело. Ова веќе е и втора средба, пред некој ден кога ја организиравме оваа средба беа претставници на Стопанската комора и не информираа за начинот на кој ќе се организира средбата и пројавија огромен интерес по што се виде и од бројот на присутните денес.

Не запознаа со нивните проблеми, со актуелната состојба, со секојдневните проблеми во работата. Она што го бараат е отвореност на Општината во поголеми размери, пристапност, и тоа јас им го ветувам и од ова место и веќе така се постапува, од самото доаѓање на новата локална самоуправа.

Сето она што го ветивме дека Општината ќе биде сервис на граѓаните, дека ние сме тука да работиме, а не да заработиме, вратата да биде секогаш отворена и достапна. Договоривме вакви средби да се во иднина, тие го искажаа своето задоволство од организација на ваквата средба. Секако средбата беше помогната и во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, тука е и нашата пратеничка, советникот Пеце Милески. Ги согледавме сите состојби, ситуациите, укажувањата нивни, и она што можеме да го кажеме од ова место е дека продолжуваме со уште поголем елан од она што ни го укажаа тие, да бидеме нивен сервис и да ги откочиме работите со кои што се соочуваат, проблемите кои се многубројни и кои треба со заедничка работа и заложба да ги откочиме и да одиме понатаму.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 17:05