Развојот на вооружувањето на Северна Кореја станува се подестабилизирачки фактор за регионалната безбедност, изјави денеска американскиот министер за одбрана, Лојд Остин за време на неговата посета на Сеул.

– САД го повикуваат Пјонгјанг на дијалог, рече Остин, додавајќи дека дипломатијата е најдобриот пристап.

Остин и американскиот генерал Марк Мили, началник на Здружениот генералштаб на САД, одржаа редовни годишни разговори со јужнокорејските власти за да разговараат околу плановите во врска со евентуален конфликт со Северна Кореја.

– САД ветија дека ќе го задржат бројот на војници во Јужна Кореја, кој сега изнесува 28.500, изјави јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вок, по разговорот со Остин.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2021 13:24