Денеска е нападната воена база на САД и западната коалиција во близина на сириското село Ал Танф беа, јави телевизијата Ал Арабија.

Во областа биле извршени неколку напади во близина на базата на коалицијата во Ал Танф, која се наоѓа во сириската провинција Хомс во близина на границата со Ирак. Во базата се слушнале неколку експлозии, јави сириската телевизија. Нема информации за евентуални штети или жртви како последица на инцидентот.

На крајот на октомври, базата Ал Танф беше цел на ракетен оган и воздушни напади со беспилотни летала. Претставникот на американската команда во Ирак тогаш го потврди нападот врз овој објект, прецизирајќи дека американската војска немала загуби, туку само материјална штета. Во ноември, Њујорк Тајмс објави дека базата Ал Танф била нападната од проирански сили како одговор на израелските воздушни напади врз нивните бази во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2021 14:49