Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија против законските измени кои според демонстрантите власта ги прави по мерка на гигантот „Рио Тинто“ и проектот за отворање рудник за литиум во областа Јадар.

Тенисерот на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија од масовните демонстрации кои се одржаа вчера.

„Чистиот воздух, водата и храната се клучот за здравјето. Без тоа, секој збор за ‘здравје’ е излишен“, напиша Ѓоковиќ.

Граѓаните на Србија вчера ги блокираа патиштата во повеќе градови откако неколку еколошки организации ги повикаа да го изразат својот протест против Рио Тинто, Законот за експропријација и Законот за референдум и Народна иницијатива.

Протестите беа претежно мирни, освен во Нови Сад, каде што дојде до тепачка во која беа повредени четири лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2021 15:07