Вечерва со почеток во 19 часот во изложбениот салон на НУ центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата „Распетие на светлината“ од авторката Марија Величковска, информираа денеска од НУЦК.

Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 26 слики коишто авторката ги работела изминатите три години кои се дел од нејзиниот трет тематски циклус на самостојно презентирање на најновата сликарска продукција Величковска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во насока дипломиран сликар со модно креирање. Таа од 1994 до годинава учествувала на бројни изложби во државата.

– По двете реализирани изложби во „Трајко Прокопиев“ – Куманово на академската сликарка Марија Величковска („Имагинации“ во 2011 година и „Импресии“ во 2016), повторно имаме можност за кратка анализа и запознавање на најновата продукција на сликарските остварувања на оваа авторка работени во периодот од последните три години (2019-21), со наслов „Распетие на светлината“. Сликите од „Распетие на светлината“ ги работи под влијание на тешката атмосфера од ковид и постковид состојбите па оттука разбирлив е и ликовниот ракопис и вокабулар во којшто доминира потрага за нова реалност, конструирана на сосема нови постулати и принципи, пишува Роберт Цветковски, историчар на уметност од кумановскиот центар за култура. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 22, декември годинава



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2021 09:41