Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ги повикува навивачите и симпатизерите на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 на теренот да фрлат кадифени играчки наменети за дечињата од ранливите категории.
Битолскиот прволигаш најави хуманитарна акција по примерот на многу спортски гиганти, помеѓу кои најпознат е фудбалскиот клуб Бетис кој традиционално ја прави оваа акција со цел да обезбеди божиќен подарок за сите деца.
– Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот, соопштија од клубот.
Натпреварот против РК Вардар битолчани го одигруваат утре од 18 часот.