Во просториите на општина Кичево градоначалникот Фатмир Дехари денеска распредели вкупно 40 работни места со 20 договори за самовработување преку грант во износ од 180 000 денари и 20 договори за субвенционирање за вработување.

Овој грант е дел од Програмата за локален економски развој во која е предвиден буџет „Подршка на претприемиштвото за започнување нови бизниси и реализација на проекти кои придонесуваат за намалување на невработеноста во општината“.

Овие мерки се насочени кон создавање конкурентна економија во приватниот сектор, подршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништво.

– Вреди да се напомене дека ние како општина ова искуство го практикуваме четврта година по ред и на територија на општина Кичево многу успешно ја развиваме својата дејност, каде над 60 бизниси се субвенционирани од буџетот на општина Кичево. Гледајќи го резултатот и ефектот од овие мерки што го практикуваме како општина, ова искуство ќе го продолжиме и во наредните години, со единствена цел да ги стимулираме младите професионалци и претприемачи да креираат свои бизниси, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот, Фатмир Дехари.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2021 23:10