Конститутивната седница денеска одржа Советот за развој на полошкиот регион, тело во кое членуваат сите девет градоначалници во рамки на Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР). Новите градоначалници го избраа тетовскиот колега Биљал Касами за претседател на Советот.

– На оваа средба тема беше и презентација на првата фаза од проектот „Управување со цврст отпад во полошкиот плански регион“, како и презентација на проектот за управување со кучињата скитници во ниво на полошкиот регион, информираше Општина Тетово.

Градоначалниците дебатираа за тарифата за депонирање на смет во регионалната депонија Русино како и за формирање на трансфер станици за смет во општините Тетово, Боговиње и Желино.

Центарот за развој на Полошкиот плански регион е основан во мај 2008 според Законот за рамномерен регионален развој од сите единици на локална самоуправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2021 01:01