Излезе од печат публикацијата „Херои на Македонија“ на Националната установа Музеј на тетовски крај од авторката тамошен кустос Кристина Томовска Ристовска. Во неа претставени се животите и делата на околу 500 учесници во Народно-ослободителната војна од Тетово и Тетовско, како и нивниот придонес во антифашистичката борба.

-Оваа книга е мотивирана од идејата за изучување на родокрајната историја и создавање на појасна слика за минатото и личностите од тој период. Борците од НОБ од Тетово и тетовско ја докажале својата борбена зрелост, храброст, упорност и хуманост. Сите заедно се бореле за една, единствена цел-слобода за Македонија, изјави авторката Кристина Томовска Ристовска.

За создавање на оваа пбликација се користени материјали од разни книги и архиви, а направено е и теренско истражување со посета на неколкуми преживеани борци или нивните семејства.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2021 15:39