Во Тетово од денеска до 30 декември ќе се одржува саем на книги во организација на тетовските издавачки куќи Сут и Нобел. Дваесетина штандови на издавачи на книги на албански јазик се поставени во трговскиот центар „Ремал“.

-На овој саем читателите можат да најдат над 2000 наслови и книги. Мислам дека посетителите ќе бидат задоволни од понудата. Во време кога сите се оддалечуваме од книгите мислам дека ова е најдобар начин повеќе да зборуваме за книгите и да ги читаме, изјави Вјолца Бериша, претставник на организаторите.

Покрај од Северна Македонија, присутни се издавачки куќи од Албанија и Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2021 03:06