Објавен е најновиот труд „Автори и дела, 7“ на лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов. Во книгата, што е објавена во издание на „Бата прес“, се разгледуваат самостојни или колективни монографии од хуманистичките дисциплини: лингвистика, книжевност и културна историја, чиј заеднички признак е македонството.

Изданијата што се предмет на анализа се објавувани во периодот од 2004 до 2021 година. Тие се уникатни дела од македонски и од странски потврдени автори, главно, научници (З. Тополињска, М. Марковиќ, А. Панчевска, С. Миленковска, Д. Јанкулоски, А. Н. Соболев, А. А. Новик, А. Ј. Русаков, М. В. Домосилецкаја, В. Б. Колосова, А. С. Дугушина, Д. С. Ермолин, М. С. Морозова, С. Ристески, В. Тоциновски, М. Каранфиловски, Д. Петровска, И. Котев, В. Пачемски, И. Глигоровски, Н. Доминовиќ и М. Георгиева-Петриќ).

Дел од трудовите се резултат на повеќегодишни научни истражувања и имаат трајна вредност со вонвременско значење, бидејќи се ставаат во одбрана на македонската себепрепознатливост.

Дрвошанов е автор на триесет и пет книги од областа на лингвистиката и на македонската книжевност.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2021 01:43