Општинското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“, годинава по 21. пат ќе биде носител и организатор на традиционалниот новогодишен концерт во Кочани.

Концертот е закажан за утревечер, а учениците и нивните наставници ќе настапат без присуство на публика поради почитување на протоколите за здравствена заштита.

-По минатогодишното изменето издание на концертот со претходно снимени изведби на музичките точки, оваа година одлучивме да ја продолжиме традицијата и настанот да се одржи во живо, во салата на Мултикултурниот центар, но без присуство на гледачи во неа. Настапот на учесниците на концертот ќе може да се проследи онлајн во живо, на фејсбук профилот на нашето училиште, со почеток од 18 часот. Музичката програма е стандардно новогодишна, малку необична, но сепак интересна, при што ќе бидат изведени 25 оркестарски и солистички композиции, истакна Марија Лазарова, директорак на ООМУ „Ристо Јуруков“.

Новогодишниот концерт се реализира со поддршка од Општина Кочани, во рамки на годишната програма за култура



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2021 14:57