Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2021 година.
Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:
- Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 % од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција.
- Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите.
- Постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата.
- На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда.
- Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 %.
- Во првото полугодие од 2021 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра.
- Овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.