Американската музичарка и поетеса Пети Смит имаше чест да го добие од градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, клучот од градот.

Како што соопштува порталот „Consequence Of Sound“ свечената церемонија се оддржала синоќа.

– Во светот постојат многу уметници и многу музичари, но Пети Смит е единствена, изјави градоначалникот, давајќи ѝ го епитетот „кума на панкот“.

– Таа инспирираше толку многу луѓе, и со нејзина помош беше оформено цело уметничко движење, но и политичко движење, рече градоначалникот.

Пети во своето обраќање се присети кога првпат дошла во Њујорк во 1967 година, „само со неколку долари во џебот и без перспектива“.

Таа кажа дека веднаш нашла работа во книжарница. А потоа се запознала со своите соработници како Сем Шепард и Лени.

– Видов дека во овој град, со сите негови шанси и можности за развој, ако сакаш да работиш и имаш амбиција и ведар дух, можеш да постигнеш многу, изјави уметницата. Таа порача дека њујорчани треба да си го чуваат градот, „не само големите градби како облакодерите, но и малите работи, дрвјата, плоштадите и парковите.“

Во текот на церемонијата таа ја исполни Ghost Dance, својот хит од 1978 година.

Други видни личности кои годинава го добија клучот на Њујорк Сити се лидерот на сенатското мнозинство Чак Шумер и режисерот Спајк Ли.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2021 06:11