Додека голем број жители на Тајланд ја одбележуваат Нова година со огномет, стотина верници одат во храмот Такиен во предградие на Бангкок за да лежат во мртовечки сандаци во текот на традиционалниот ритуал.

Учесниците на бизарната церемонија веруваат дека тоа ја симболизира смртта и повторното раѓање и оти тоа им помага да се ослободат од лошата среќа, како и оти тоа ќе им донесе нов почеток во следната година.

За време на обредот тие во рацете држат цвеќе и темјан, додека свештениците ги покриваат со розови чаршави и при тоа изговараат молитви.

Мнозинството Јапонци за Нова година ги посетуваат манастирите и светилиштата.

Во Кина Нова година се одбележува воглавно во централните провинции, а за Кинезите е многу позначајна кинеската Нова година, која е во февруари, а се дочекува првенствено во храмовите со ѕвонење и молитви.

Во Русија Нова година се дочекува во 11 временски зони, додека граѓаните на Париз и туристите се собираат на Елисејските полиња.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2021 06:11