Организацијата зад наградите „Греми“ денеска соопшти дека се одложува доделувањето на музичките награди закажано за 31 јануари поради сојот Омикрон што се шири низ САД во изминатите недели.

„Одржувањето на манифестацијата на 31 јануари едноставно содржи премногу ризици“, се вели во соопштението на американската Академија за дискографска уметност и наука (The National Academy of Recording Arts & Sciences, Inc). Во него се додава дека „наскоро“ ќе биде објавен нов датум за доделување наградите



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2022 05:23