По најавите лани во декември, компанијата „Текно“ (Tecno), со седиште во Шенжен, Кина, сега и ги претстави своите телескопски макро-леќи за мобилни телефони.

Станува збор за технологија што ветува значително подобрување на макро-фотографиите. Овие „телефото“ објективи се извлекуваат од куќиштето на паметниот телефон и овозможуваат фотографирање одблиску, а без потреба телефонот премногу да се доближува до предметот. Има и 5х оптички зум.

Како што оценуваат познавачите, ова е новитет кога станува збор за макро-камерите.

Од кинеската фирма тврдат дека дизајнот е прилично компактен и не бара големо куќиште, но засега нема повеќе подробности. Исто така, не се знае кога оваа технологија ќе може да се најде кај телефоните, но се очекува оти тоа ќе се случи годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2022 15:41