Во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, македонските репрезентативци утрово ќе го одработат последниот тренинг пред заминување во Дебрецин. Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања во три наврати. Според резултатите од вчерашните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои денес требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19), соопшти синоќа Ракометната федерација на Македонија.
Македонската експедиција денес во 14:10 часот треба да замине за Дебрецин – Унгарија, а првиот меч од групната фаза нашите ракометари ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18 часот против репрезентацијата на Словенија.
Во групата се ушет и селекциите на Црна Гора и на Данска.