Задолжителното тестирање на Ковид-19 на 24 часа пред воведниот натпревар на Европското првенство не донесе нови позитивни случаи на коронавирусот во македонската ракометна репрезентација и селекторот Кирил Лазаров ќе може да смета на сите повикани за пресметка против Словенија.

На последното тестирање пред заминувањето за Дебрецин позитивни на коронавирусот во редовите на „црвено – жолтите“ беа голманскиот тандем Никола Митревски и Марко Кизиќ, како и Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ, кои поради тоа останаа во Скопје. Позитивен на коронавирусот беше и кондицискиот тренер Петар Баснарков.

Својот воведен дуел во рамки на групата А македонските ракометари ќе го имаат со почеток од 18 часот против Словенија, а по две дена следи дуелот против Црна Гора, во чиј редови денешното тестирање донесе три позитивни случаи на Ковид-19



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2022 07:46