Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш очекува тежок натпревар со македонската репрезентација на стартот на Европското ракометно првенство.

– Во последната година напредуваа. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, знаеме дека ќе биде тежок, Македонците се силни во одбраната, имаат добар голман, а во нападот го имаат Кирил Лазаров, еден од најопасните и најстарите играчи на ЕП. Знаеме и некои нивни слабости, изјави Врањеш.

Миха Зарабец подетално се осврна на македонскиот нашиот национален тим.

– Тие сигурно ја променија играта во транзицијата, трчаат многу повеќе, побрзи се, но сепак имаат проблем што мораат да менуваат доста играчи од одбрана во напад и обратно. Мораме да оствариме предност од тоа со нашиот ритам. Но, од друга страна, дефинитивно имаме квалитет што треба да го докажеме. Навистина мораме да дадеме се од себе и добро да го отвориме првенството, изјави Зарабец.

Почетокот на натпреварот е вечер во 18 часот.

Покрај овие две селекции, во групата која ќе се игра во Дебрецин, Унгарија се и репрезентациите на Црна Гора и на Данска.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2022 12:52