Европската ракометна федерација (ЕХФ) и изрече парична казна на македонската репрезентација во износ од 2.000 евра поради прекршување на протокол поврзан со опремата за време дуелот против Словенија.

ЕХФ наведе дека Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе мора да палти казна поради различна боја на чорапите со кои дел од македонските репрезентативци настапија на натпреварот против Словенија (25:27) во четвртокот.

Македонските ракометари вечерва од 18 часот во Дебрецин против Црна Гора го играат вториот натпревар во рамки на групата А.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2022 12:42