Македонската ракометна репрезентација вечерва против Црна Гора повторно ќе има бројна поддршка во Дебрецин, а меѓу присутните на трибините во салата „Феникс“ е и поранешниот истакнат репрезентативец и актуелен претседател на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски.
Во разговор со македонските новинари, поранешниот ракометен репрезентативец ги изнесе своите очекувања од натпреварот против Црна Гора.
– Очекувам квалитетна и добра игра, а играчите повторно да го дадат својот максумим и борбата да не изостане. Ако тоа биде така, мислам дека ќе извојуваме победа, изјави Мојсоски.
– Црна Гора е многу поразлична од Словенија. Станува збор за потежок, постатичен противник, не се движи како Словенија, која сака да игра скандинавски, брз ракомет. Ќе се судриме гради во гради, сакаат борба, сакаат да почувствуваат месо, а така треба да им возвратиме. Ако тоа го направиме и бидеме борбени во одбраната сметам дека Црногорците ќе потклекнат и ќе извојуваме победа, додаде Мојсоски.