Ако во минатото постоела дефиниција дека ако нешто нема на телевизија исто и како да не се случило денес истото се однесува на социјалните мрежи само што дефиницијата е надграена и проширена. Ако не се сликаш и не постираш исто како да не постои.
Ако во минатото користевме телефонски именици, говорници, ја чекавме после школо или проаѓавме кај нејзе во паркче за да стигнеме до симпатијата, денес е доволно само да го отвориме телефонот и апликациите Фејсбук и Инстаграм за да знаеме каде е, што прави и со кого е.
Иако во денешно време тоа ни ја олеснува работата, сепак овие социјални мрежи станаа мерило за тоа колку се среќни модерните парови. Модерната романтика се однесува на љубовни хаштагови, промената на статусот на врската, профилни слики со другата половина, статуси, песни, лајкови поврзани со љубов. Денес нема што нема но таквите активности можат да откријат многу за вашиот љубовен однос а не мора да значат ни дека тие парови кои се однесуваат така на социјалните мрежи имаат среќна врска.
Голем број на истражувања покажуваат сосема спротивно од тоа односно дека среќните парови не се толку активни на друштвените мрежи и немаат голема желба да им покажат на сите колку се сакаат. Со други зборови постои разлика помеѓу тоа колку сте задоволни од својот љубовен однос и колку често објавувате работи поврзани со другата половина на социјалните мрежи. Среќните парови, генерално, објавуваат многу малку содржини поврзани со нивниот приватен живот. Во принцип, за среќните парови е поважно да се заедно од колку да објавуваат статуси дека се заедно.
Среќните парови едноставно немаат потреба ништо и никому да докажуваат и наместо да трошат време на виртуелниот свет тие уживаат во секој момент додека се заедно.