Вторпат во последните два дена е нападната турската воена база во Зликан, североисточно од ирачкиот град Мосул, изјави извор од ирачките безбедносни сили за новинската агенција Шафак.

-Три проектили паднаа во областа на турската база, североисточно од Мосул. Турската артилерија одговори со одмазднички оган, кажа изворот.

Според безбедносниот извор, во ракетирањето нема повредени меѓу припадниците на турската војска, која е стационирана во базата.

Гранатирањето најверојатно било дело на курдски или исламистички радикали, додава изворот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 12:26