Соборениот претседател на Мали, Ибрахим Бубакар Кејта, почина денеска на 76-годишна возраст, соопшти поранешниот министер за правда и негов советник, пренесуваат западни медиуми.

Поранешниот советник информира дека Кејта починал во својот дом, но не е соопштена причината за смртта.

Кејт ја водеше западноафриканската земја од септември 2013 година до август 2020 година, за време на турбулентен период, протести и немири во земјата. Тој беше симнат од власт по неколкумесечни антивладини протести и воен удар.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 16:21