Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти во штипскиот ковид-центар. За само пет дена двојно е зголемен бројот на лица кои бараат болнички третман. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 41, а на кислородна поддршка се 33 пациенти.

Битката со коронавирусот ја загуби 74-годишен жител на Пробиштип, а во дневната амбуланта се прегледани вкупно 52 пациенти од целиот источен регион. Интересен е податокот дека од хоспитализираните само четворица се вакцинирани, додека останатите пациенти не се имунизирани. Слободни места има за уште 17 пациенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2022 16:23