Дваесеттина активисти на „Чист Охрид“ и на „Не биди ѓубре“ денеска спроведоа акција за чистење на ѓубре и цврст отпад на локација во охридската населба Далјан.

Притоа се собрани над 50 вреќи ѓубре депонирано на несоодветно место од несовесни граѓани на крајбрежјето на Охридското Езеро.

Двете еколошки здруженија се добро познати на македонската јавност како организатори на бројни слични акции за собирање отпад и активности за подигнување на свеста кај населението за важноста од одржување чиста животна средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2022 02:25