Во Пехчево течат последните подготовки за одбележување на празникот „Богојавление – Водици“.

Чинот на фрлањето на чесниот крст во водите на реката Писа, како дел од традицијата за Водици, како што истакна Живко Каликов од Општина Пехчево ќе имаат можност да го проследат и граѓаните, кои по пауза од една година, на 19 јануари 2022 (среда) ќе можат да присуствуваат на осветувањето на водата во реката Писа.

-ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ, ЦРКВАТА „СВ. ПЕТАР И ПАВЛЕ“ ЌЕ ОДРЖИ СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА. ЛИТУРГИЈАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ВО 8 ЧАСОТ, ДОДЕКА ЧИНОТ НА ФРЛАЊЕТО НА СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДАТА НА РЕКАТА ПИСА Е НАЈАВЕНО ЗА ВО 10 ЧАСОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ПЕХЧЕВО. СИТЕ УЧЕСНИЦИ КОИ ЌЕ СКОКААТ ВО ВОДАТА ПО СВЕТИОТ КРСТ ТРЕБА ДА ИЗВРШАТ МЕДИЦИНСКИ ПРЕГЛЕД КАЈ СВОЈОТ МАТИЧЕН ЛЕКАР, ИСТАКНА ЖИВКО КАЛИКОВ ОД ОПШТИНА ПЕХЧЕВО.

Каликов информира дека за најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст предвидени се награди од градоначалникот на Општина Пехчево и црквата „Свети Петар и Павле“.

-Како што е и традицијата, оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, од локалната самоуправа ќе добие награда (ЛЦД телевизор), а за многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа и оваа година обезбеди бесплатни топли пијалоци (ракија и вино) за сите присутни, додаде Каликов.

Учесниците во настанот со издадената потврда од матичениот лекар, како што додадоа организаторите задолжително треба да се пријават кај отец Горан Димитковски на телефон 078/394-520.

Манифестацијата ќе се реализира согласно протоколите кои што ги налага комисијата за заразни болести.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2022 02:25