Тренерот на Челзи, Томас Тухел, е прогласен за менаџер на годината за 2021 година во изборот на ФИФА. Церемонијата на доделување се одржува во Цирих (Швајцарија).

Тухел победи во конкуренција на селекторот на Италија, Роберто Манчини и менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола.

Под водство на 48-годишниот Тухел, Челзи го освои трофејот во Лигата на шампионите 2020/2021 година. Неговиот тим го освои и Суперкупот на УЕФА во 2021 година.

Томас Тухел е тренер на Челзи од јануари 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 02:59