Кавадарчани ќе се фрлаат по светиот крст, во водите на реката Луда Мара, утре на верскиот празник Богојавление-Водици.

Општина Кавадарци заедно со црквите „Свети Димитрија'' и „Света Петка" ја продолжува традицијата за потопување на чесниот крст за прославата на Водици, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– По тој повод упатуваме јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во одбележување на празникот „Богојавление – Водици" да се пријават во црквата „Св Димитрија", соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Фрлањето на крстот ќе се реализира на градскиот мост на улица „7- ми Септември”. Потопувањето на крстот ќе биде од 11.30 часот, а пред тоа ќе има божествена литургија. За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот, следуваат награди.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 15:48