Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ја повика Москва за време на состанокот со рускиот колега в петок во Женева да преземе итни чекори за деескалација на ситуацијата на границата со Украина, потврди денеска висок претставник на Стејт департментот.

На брифингот со новинарите Блинкен оцени дека Русија досега работела на штета на деескалација, и покрај континуираната дипломатија. Сиопред него, напад врз Украина е можен во секое време, веројатно меѓу јануари и февруари.

Блинкен в петок во Женева со Лавров ќе разговара за кризата околу Украина, изјави портпаролот на американската администрација.

Вашингтон изрази загриженост поради денешната објава на Москва дека испраќа војници во Белорусија на заеднички вежби со белоруската војска. Ова им овозможува на Русите „нов пристап во случај да одлучат да преземат воена акција против Украина“, објасни претставник од администрацијата во САД за американски медиуми.

Првите дипломати на САД и Русија денеска имаа телефонски разговор за кризата околу Украина



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 03:19