На Богојавление-Водици и во Македонски Брод и Самоков беше положен Светиот крст. Во Македонски Брод Светиот крст беше положен во реката Треска. Од дваесетина пријавени учесници за овој чин, најсреќен беше Виктор Стојаноски, кој втор пат го извади крстот од студените води на Треска.

Во село Самоков, Светиот крст го фати Филип Ангелески во водите на Ковачка река.

– Во село Самоков крстот беше положен во Ковачка река а среќен наоѓач на крстот беше Филип Ангелески, истакна отец Саше Костадиноски и додаде дека пред овој чин во 8,30 часот во градската црква беше отслужена „Света Златоустова Литургија“ по што следеше и голем Богојавленски водсвет.

Тој дополни дека во повеќе села во Поречијата денеска и утре се слави големиот празник Водици, а 32 кума од селата во Порече ќе ги пречекаат своите соселани и членови од истиот крст, во двата дена да бидат нивни гости.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 14:52