Актуелниот македонски ракометен првак „Вардар 1961“ и вицешампионот „Еурофарм Пелистер“ денеска го дознаа составот на групите за новата, 11. по ред, сезона во регионалната СЕХА лига.

Во сезоната 2021/22 во СЕХА ќе се натпреваруваат десет екипи од седум држави поделени во две групи.

Скопски „Вардар 1961“ е во групата Б заедно со украински „Мотор Запорожје“, „Војводина“ од Србија и „Нексе“ од Хрватска.

Битолски „Пелистер“ ќе игра во групата А заедно со хрватски „ППД“ Загреб, словачки „Татран Прешов“ и „Партизан“ од Србија.

Белоруски „Мешков Брест“ од групата Б и унгарски „Веспрем“ од групата А ќе се приклучат во четвртфиналната фаза.

Раководството на СЕХА лигата дополнително ќе го објави натпреварувачкиот календар за новата сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2022 17:34