Младиот дваесет и четиригодишниот Игор Митковски, кој го извлече крстот од водите на Крива Река, ја донираше наградата машина за перење што генералниот спонзор „Зегин“ му ја додели и тоа четиричленото семејство Атанасовски кое е во исклучително тешка состојба.

Педесети двегодишниот Борче е единствениот вработен, работи четири часа дневно бидејќи мора да ги обавува сите потребни работи. Сопругата е со бубрежна инсуфициенција и оди на дијализа, едното дете, машко,15 години, има здравствен проблем со дебелото црево, а ќерката 19 години, е со церебрална парализа.

Митковски рече дека се чувствува среќен и со ова сака да даде пример за тоа како треба сите млади луѓе, но и воопшто сите луѓе што можат, да помогнат.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ги прими Митковски и другарите, како и Борче Атанасовски, поздравувајќи го гестот, со акцент на тоа дека општината во изминатиот период е во постојана комуникација со семејството и веќе прави конкретни чекори за помош.

– Му честитам на хуманоста и одважноста на Игор, тој изрази желба да донира,а бидејќи ние како локална самоуправа сме веќе запознаени и претходно дониравме еднокоратна помош за ова семејство, посочив дека ќе им биде добредојдена и оваа машина,за полесно обавување на потребите. Како личност мој приоритет е да се биде хуман, така што, службите се во комуникација со останатите чинители и надлежни институции за помош и олеснување на состојбата на ова семејство. Среќен сум кога другите се среќни и оваа порака ја упатувам до сите граѓани, да го следиме патот на добрината во животот – изјави градоначалникот Митовски.

Игор рече дека седум пати досега скока по крстот, а среќата да го извлече од водите на Крива Река ја има вторпат, по 2015 година.

Исто така, во Кавадарци денеска се спроведува хуманитарна акција. Светите крстови фатени вчера на Богојавление – Водици од страна на Ѓорѓи Стојков, Ристе Динев и Јовица Дојчиноски беа поставени на градскиот плоштад до 19 часот на кој верниците можеа да ги целиваат и да ги даруваат.

– Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на кавадарчанката Марина Ристова – појаснија организаторите од навивачката група Лозари и момчињата кои ги фатија светите крстови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 14:00