Во Тонга денеска пристигнаа првите авиони со хуманитарна помош и опрема за комуникација на островите, кои беа отсечени по разорната ерупција на вулканот и цунами.

Воените авиони на Австралија и Нов Зеланд слетаа на аеродромот на архипелагот на островот Тонгатапу.

На островите беа доставени контејнери за вода, средства за хигиена, привремени засолништа, генератори, како и опрема за комуникација.

Цунами го погоди брегот на Тонга пред пет дена по силна ерупција на подводен вулкан.

Загрозени се околу 84.000 луѓе, повеќе од 80 отсто од населението на Тонга.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 15:35