Вкупно 39 романи годинава се пријавиле за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Жири-комисијата, во состав на претседателот Владимир Јанковски, Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева, е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 15:42