Германскиот актер Харди Кругер почина на 93-годишна возраст, вчера, во својот дом во Калифорнија (САД). Неговата Агенција за глумаа ја потврди тажната вест.

„Неговата топлина на срцето, радоста на животот и непоколебливото чувство за правда го направија незаборавен!“, напишаа оттаму и изразија сочувство до неговата сопруга Анита.

Харди беше глумец и писател. Од почетоците во 1944 година, се појави во повеќе од 60 филмови. Беше ѕвезда во Германија и ширум светот. Својата кариера, Кругер претежно ја градеше во странство. Глумеше и во филмовите „Хатари!“, „Летот на фениксот“, „Диви гуски“, „Недостижниот мост“ и во оскаровецот „Вил д’Авреј во недела“.

Меѓу другото, тој го глумеше и германскиот полковник Кранцер во југословенскиот филм „Битката на Неретва“ од 1969 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 16:21