Дебитантската стихозбирка „Ноќни усменија“ од поетесата Мариета Дукиќ вечерва ќе биде промовирана во Струмица. Настанот е планиран како поетски слики со Мариета и пријателите, а на него ќе се читаат и ќе се разговара за стиховите на поетесата.

Рецензентката Сузана Мицева за книгата рече.

-Песните од книгата „Усменија“ се токму такви какви што ни навестува насловот. Стихови што се кажуваат наизуст, што остануваат во потсвеста и понекогаш им се навраќаме како на свои усни забелешки. Болки што се кажуваат во кодови, а нивното разобличување е за секого индивидуално, лично расчленување на тагата и споделената несреќа, напиша Мицева.

Промоцијата ќе се одржи вечерва во Пијано барот на ресторан „Космополит“ во Струмица.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2022 16:34