За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде ткн. Ослободителна народна армија (ОНА) по што започнаа повеќе оружени напади врз државните безбедносни сили.

Одборот на бранители денеска во тетовско Теарце организираше одбележување на 21 година од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината. При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесно повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

-Државата за овие 21 година не направила ништо. Очекувавме дека ќе се смилуваат институциите и ако ништо друго барем едно спомен обележје ќе се стави за Момир Стојановски. До ден денес не го доживеавме. За таа цел Одборот на бранители денес во скромен состав со една делегација беше да положи цвеќе и на тој начин да му оддаде почит на Момир Стојановски. Ако мисли некој да ќе ги избрише бранитетели, нема да можат, уште се живи и ќе се бориме до нашата смрт, истакна Марин Најдов од Одборот на бранителите.

Минатата година 20 годишнината од нападот и загинувањето беше поставена времена плоча за Момир Стојановски која потоа е отстранета.

За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде ткн. Ослободителна народна армија (ОНА) по што започнаа повеќе оружени напади врз државните безбедносни сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2022 16:45