Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти се пласира во четвртфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако денес ја совлада Аманда Анисимова со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.

Во меч што траеше еден час и 16 минути, Австралијката го доби првиот сет со 6:4, додека во вториот на Американката и препушти три гема.

Противничка на Барти во следната фаза ќе и биде Џесика Пегула (САД).

Наградниот фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 54 милиони долари.

Претходно место помеѓу осумте најдобри обезбедија Медисон Кис од САД и Барбора Крејчикова од Чешка.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2022 16:01